Јулијан Нагелсман повеќе не е тренер на Баерн. Жоао Кансело ова го дозна по натпреварот помеѓу Португалија и Лихтенштајн (4:0).
Португалија славеше во првиот натпревар од евроквалификациите. На прес-конференцијата Кансело беше информиран дека Нагелсман повеќе не е негов тренер во клубот.
„Ух… не знаев, не знаев. Јас сум изненаден, да. Би сакал да му се заблагодарам на Нагелсман бидејќи сакаше да ме доведе во Баерн. Бев изненаден од ова, но му посакувам се најдобро. Ќе се обидам што поскоро да се запознаам со начинот на работа на новиот тренер. Се надевам дека се ќе биде добро, ни претстојат важни натпревари и решавачкиот дел од сезоната. Баерн е клуб кој секогаш е подготвен да освои се“, коментира Кансело.
Како гром од ведро небо: Брацо го замени Нагелсман, познат наследник!
Кансело дојде во Баерн оваа зима на позајмица од Манчестер Сити.