Мбапе реши една непријатна ситуација со потегот на капитенот Иако Антоан Гризман се надеваше дека улогата во соблекувалната и огромните трофеи ќе му ја донесат капитенската лента, сепак Дешам го избра Килијан Мбапе за нов капитен.
Се пишуваше дека разочараниот Гризман ќе го преиспита продолжението на играта за репрезентацијата по што Мбапе го повика на разговор.
L’Equipe пишува дека новиот капитен му рекол на Гризман дека разбира од каде доаѓа разочарувањето и му рекол да смета на него како еден од најважните играчи на Франција на претстојните натпревари. Тој наводно додал дека можеш да бидеш лидер без лента околу раката. Средбата заврши со насмевки, се заклучува.