More

    Стојче Христовски од битолското село Кравари, чија 6-годишна ќерка Јана почина во Клиничката болница во Битола, тврди дека смртта настапила откако лекарите на девојчето му дале гликоза, после што шеќерот во крвта се зголемил на 19

    spot_img

    Стојче Христовски од битолското село Кравари, чија 6-годишна ќерка Јана почина во Клиничката болница во Битола, тврди дека смртта настапила откако лекарите на девојчето му дале гликоза, после што шеќерот во крвта се зголемил на 19.

    Во изјава за Зелена берза, Христовски вели:

    „Пред три дена девојчето крена температура 37,7  и дадовме сируп му спадна и вечерта немаше ништо. Но исто како пред Нова година што му потекоа капаците од очите и солзење така и завчера и потекоа капаците. Вчера сабајлето ја однесовме на болница оти вечерта и се слоши и поврати шлајм. Пред да одиме на лекар ја болеа мускулите и за да не се мачи отидовме на Болница. При првиот преглед на крвта шеќерот и беше 9, и кажавме на докторката дека е дехидрирана дури и не можеа ни крв да и земат. По овој резултат докторката и даде инфузија со гликоза, а на сопругата и кажа дека шеќерот е покачен заради повраќањето. Почнаа да ни прават анализи на крвта, ни кажаа да седиме додека резултатите не бидат готови, кај 12 часот. После првата инфузија шеќерот во крвта се покачи на 19 единици. Ќе ѝ ставаа втора инфузија, но не успееја чупето почна да се губи“, сведочи таткото Стојче Христовски .

    – Девојчето беше примено вчера во 10 часот изутрина на Одделението за педијатрија. Во однос на здравствената состојба можам да кажам дека е донесено дехiдрирано, со отоци на очите и со нагони за повраќање. Тука поврати само еднаш, а според тоа што го кажа мајката, дома повраќало два пати, но неколку дена претходно било болно. Почина точно во 14.00 часот, четири часа откако беше примено. Други детали не можам да соопштам бидејќи случајот веќе се истражува – изјавил д-р Обедниковски за Фактор.

    Семејството инсистира на тоа дека на девојчето му е дадена погрешна терапија. Причините за брзата смрт ќе се знаат откако ќе заврши обдукцијата. Прво ќе биде известено Обвинителството.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img