More

    Ковачевски уверен дека тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ се неосновани

    spot_img

    Не е точно дека има пратеници од владејачкото мнозинство, односно од СДСМ, кои се против уставните измени, тоа што го тврди опозицијата нема реална основа – изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

    – Тие имаа во декември и во јануари, па до средината на февруари, изјави дека имаат 61 пратеник во Собранието и дека реконструкцијата која што јас ќе ја поднесам, нема да помине. Сите се уверивме дека таа реконструкција помина со зголемено парламентарно мнозинство, кое што сега е 65 пратеника. Што значи дека тоа што го кажува опозицијата нема никаква реална основа. Тоа е единствено одговор на промашените тези коишто ги имаа, токму коишто ги кажав, и немајќи сега што да кажат велат дека сега има други пратеници. Тоа не е точно – рече Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање.

    Во однос на уставните измени, премиерот Ковачевски рече дека овој процес не може да биде процес на уцени и на дневна политика, туку на широк, општествен и политички консензус кој нема да биде предмет на дневни прес-конференции.

    – Уставните измени се обврска на секоја политичка партија која што е за зачленување на нашата држава во ЕУ. Амандманите коишто се дел од преговарачката рамка и коишто се дел од одлуките кои треба да се донесат со две третини во Собранието се само една од одлуките кои се носат со двотретинско мнозинство – рече Ковачевски.

    До зачленување во ЕУ, како што повтори премиерот, на земјата ѝ претстои реформа на правосудниот, обвинителскиот систем, реформа на јавната администрација, реформа на децентрализацијата, и тоа се сè одлуки коишто се носат со две третини.

    – Такви примери сме имале во други држави во Хрватска, во Словенија коишто исто така носеле тешки одлуки при зачленување и до зачленувањето во ЕУ. Но, доколку и нив ги прашате тогаш и тие ќе ви кажат дека тие прашања не биле дел од секојдневната политичка дискусија која што се водела во нивото општество, туку напротив, тоа било нешто што државите го направиле и станале земји членки на ЕУ – рече Ковачевски.

    Премиерот ги наведе придобивките од зачленувањето во ЕУ, преку примери на тоа каде беа Романија, Полска, Чешка, Словачка и оти заради членството во Унијата нивните стандарди пораснаа, се отворија поголем број компании, секоја компанија која што е регистрирана во земја членка на Европската Унија е дел од заедничкиот пазар од половина милијарда купувачи и оти затоа тие економии пораснаа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img