More

    Путин сосем легално ги прескокнува санкциите

    spot_img

    Нафтоводот Баку-Тбилиси кој води кон пристаништето Џејхан е еден од неколкуте можни начини како руската нафта сè уште стигнува во Европа недопрена од западните санкции понекогаш и по цени повисоки од 60 долари на кои таа барем формално е замрзната, анализира Политико. Според советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, ова е целосно легално, но и целосно неморално.

    – Имаме доволно докази дека некои меѓународни компании купуваат рафинирани производи преработени од руска нафта и ги продаваат во Европа. Тоа е целосно легално, но и целосно неморално. Само затоа што нешто е дозволено не значи дека не треба да правиме ништо за тоа – изјави Олег Устенко за Политико.

    Сурова нафта до Турција, од Турција деривати со скриено потекло

    Во разговор со експерти порталот дознава дека пристаништето Џејхан во Турција е клучно за оваа операција, а дека руската нафта се продава како азербејџанска, либијска или под други знамиња на бродовите од земјите-посредници.

    Турција лани го удвои својот директен увоз на руска нафта. Земјата одби да воведе санкции. Во Турција таа руска нафта се рафинира во деривати и тие не подлежат на санкции кога се продаваат. Ова го потврди и Финскиот центар за истражување на енергија и чист воздух (ЦРЕА).

    Размена, компензација … капитализмот не познава граници?

    Советникот на Зеленски, Устенко, потсетува дека суровата нафта лесно може да се измеша со други пратки, па така, тешко е да се одреди земјата на потекло. Процесот на рафинирање е неопходен за секоја практична примена и овој процес ги отстранува трагите од примарните суровини.

    – Еден пријател од Њујорк ми се пожали дека бубашвабите секогаш наоѓаат дупка за да влезат во неговиот стан – токму тоа го прави Русија со своите енергетски производи – забележува тој.

    Ќаруваат посредниците, а плаќа Европа

    Рускиот стопанственик во егзил и голем критичар на Путин, Михаил Ходорковски, објаснува како компензациите се нормален дел од бизнисот.

    – За разлика од пазарот на гас, пазарот на нафта е глобален. Размените, компензациите, комбинираните начини на плаќање се вообичаена практика – објаснува некогашниот нафтен магнат.

    Пред да ја изгуби наклонетоста од Путин, Ходорковски бил шеф на нафтениот и гасниот гигант Јукос.

    – Резултатот од ембаргото е дека трошоците за транспорт на руската енергија значително се зголемија, има голема прераспределба на приходот во корист на посредниците, а понекогаш се даваат попусти доколку се намали бројот на клиенти – подвлекува тој.

    Дупките во законите посилни од ембаргото на Г7

    Во понеделникот британската невладина организација Глобал Витнес објави извештај во кој се гледа дека руската нафта постојано се продава по цена која далеку ја надминува горната граница од 60 долари утврдена во декември од групата Г7 на индустриски најразвиените земји во светот.

    Владите ширум ја отворија задната врата за фосилните горива, а трговците и големите нафтени компании ги искористуваат дупките во законите и регулативите за да го одржат бизнисот како и обично – вели Мај Роснер, која работела на извештајот.

    Неодамна беше објавено дека количините на извоз на руска нафта останале целосно стабилни. Ова го изјави Саад Рахим, водечки економист за трговската компанија Трафигура.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img