More

    Антверпен е „главен град на кокаинот“ на Европа

    spot_img

    Белгискиот град Антверпен е рангиран на првото место во однос на потрошувачката на кокаин во Европа, според анализата објавена од Европската агенција за дроги и групата SCORE, која минатата година ја анализираше отпадната вода на околу 54 милиони луѓе во повеќе од 100 европски градови.Количеството на кокаин било најголемо во понеделник, што значи дека барем во Антверпен оваа дрога најмногу се користи во недела и понеделник, пренесува Политико.

    Од 2018 година, употребата на кокаин има стрмен тренд на раст во Антверпен и е повеќе од двојно зголемена во последните две години. Со просечни 2.381 милиграми на 1.000 луѓе дневно, тој далеку ги надминува следните два града со најголема употреба – шпанска Тарагона со 1.610 и Амстердам со 1.142 милиграми.

    Минатата година белгиските власти запленија рекордни 110 тони кокаин во пристаништето во градот и тогаш најавија дека ќе ангажираат повеќе луѓе и ќе купат нова опрема за скенирање на пристанишниот товар.

    Сепак, нема недостиг на кокаин и неговата потрошувачка е во пораст и во околните градови, меѓу кои Амстердам со пораст од 29 отсто, Брисел со пораст од 28 отсто, Утрехт со 23 отсто и Ајндховен со 14 отсто.

    Освен кокаин, отпадните води во 100 европски градови биле анализирани и за присуство на амфетамини, метамфетамини, екстази, кетамин и канабис, за да се добие сеопфатна слика за употребата на дрога.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img