More

    Одбраната на Цветан Панделески го изнесе својот став за обвинението во случајот „Империја“

    spot_img

    Случајот „Империја“ поврзан со Цветан Панделески, е класичен пример за недозволена правна конструкција – истакна адвокатскиот тим на одбраната на Цветан Панделески, на денешното судење.

    Според бранителите, целиот обвинителен акт има три нелогични и проблематични точки:

    Прво, рокот од 18 месеци за спроведување на истрага на СЈО е прекршен со овој обвинителен акт. Тој рок е обврзувачки со одлуката на Врховен суд од 30.01.2019 каде јасно е наведено дека преземањето предмети на ОЈО од СЈО се однесуваат само на оние за кои СЈО бил овластен тужител, а овој случај е надвор од тој рок.

    Втор проблематичен факт е дека нема поднесено обвинение согласно член 303 од ЗКП. Членот пропишува дека во рок од 30 дена од завршената постапка треба да се поднесе обвинителен акт. За Цветан Панделески добиена е информација дека е завршена истражна постапка на 26.04.2022, а обвинението е поднесено 8 месеци подоцна.

    Трето е дека е прекршен уште еднаш ЗКП каде се предвидува дека за дела од организиран криминал максималната истражна постапка треба да се спроведе во рок од 21 месец од наредбата за истрага. За Цветан Панделески започната е истрага на 08.11.2018. По закон таа постапка истекла на 08.08.2020. Односно обвинение требало да има до тој датум, а не истото да се поднесе дури година и половина по овој рок.

    Доколку се прочита обвинението и самиот диспозитив за однос на Злоупотреба на службена положба и овластување нема ниту еден опис за противправно дејствие на Панделески. Односно, Панделески се обвинува како неизвршен член на Одбор на директори за одлука донесена од сосем друг орган – Собрание на акционери каде ниту учествувал ниту гласал.

    За наводното обвинение за измама во диспозитивот, исто така нема противправно дејствие на Панделески. Таму има се за сите други лица, но не за Панделески. Во огромното образложение Панделески се споменува само еднаш дека со негови средствата се купувале акции во Фершпед.

    Поставуваме прашање – Од кога купувањето акции е кривично дело во Македонија?

    Згора на тоа, ЈО на добивањето средства од продажбата и исплата на дивиденда ги квалификувале како кривично дело. Станува збор за редовно финансиско работење, односно трансакции извршени легално преку сметки преку платен промет и нема ништо незаконско. Поради тоа за нас како адвокатски тим ова е класичен пример за недозволена правна конструкција, истакнаа бранителите на Цветан Панделески.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img