More

    Рама бара објаснување од Гутереш

    spot_img

    Албанскиот премиер Еди Рама реагираше на изјавата на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кој договорот меѓу Косово и Србија го нарекува договор меѓу „Белград и Приштина“, јавија албанските медиуми.Тие додаваат дека на официјалната веб-страница на Обединетите нации е објавена изјавата на Гутереш со која се поздравува договорот во Охрид, но во ниту еден случај не се споменува Косово како држава.Рама прашува „дали се работи за грешка или лапсус и бара итно објаснување“.„Белград и Приштина“?! Сериозна грешка или лапсус. Официјално име е „Договор за нормализација на односите Косово-Србија“ и би било неприфатливо доколку генералниот секретар намерно не го употреби точното име. Ве молам веднаш да дадете објаснување“, пишува Рама.

    На 18 март во Охрид, по повеќе од 12 часа преговори меѓу премиерот на Косово, Албин Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, беше постигнат договор за Анексот за спроведување на Европскиот план за дијалог, но без потпис на странките. Сепак, шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, изјави дека договорот и анексот за негова имплементација се сметаат за одобрени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img