More

    Шојгу предупреди дека осиромашениот ураниум за Украина ќе им штети на Британците

    spot_img

    „Југословенско сценарио“ може да се случи во Украина ако Британија испрати оружје со осиромашен ураниум, коментираше рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, велејќи дека во случајот со бомбардирањето на Србија ураниумот имал негативни последици за самите војници на НАТО.

    – Имаше последици по здравјето на оние кои ја користеа таа муниција. Имаше сериозни медицински состојби и тие беа проучувани. Меѓутоа, тие не испитале какво влијание имала муницијата врз оние против кои била употребена – изјави рускиот министер, пренесува Тасс.

    Британскиот заменик министер за одбрана Анабел Голди претходно изјави дека, покрај испораката на борбени тенкови „Челинџер 2“, Велика Британија ќе го снабдува Киев со муниција, вклучително и гранати со осиромашен ураниум.

    Руската амбасада во Лондон ја предупреди британската влада да не го снабдува Киев со таква муниција. Според руските дипломати, овој чекор е полн со ризици за натамошна ескалација на конфликтот.

    Министерот Шојгу рече и дека најавата на Велика Британија значи дека сега има помалку чекори до нуклеарен конфликт.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img