Американскиот претседател Џо Бајден во вторникот им додели национални медали на голем број луѓе кои дале придонес во американското општество, вклучувајќи ги рокерот Брус Спрингстин, актерката Џулија Луис-Драјфус, историчарот Волтер Ајзаксон и писателката Ејми Тан.При доделувањето на Спрингстин со Националниот медал за уметности, Бајден, алудирајќи на песната на Спрингстин „Born to Run“, рече: „Брус, некои луѓе се само родени за да трчаат, човече“.
Спрингстин и мноштво актери, писатели, пејачи и други уметници му се придружија на Бајден во Источната соба на Белата куќа за да го добијат Националниот медал за уметности или медалот за национални хуманистички науки за нивниот придонес во американското општество.
Комичарката Џулија Луис-Драјфус, чија ТВ серија „Потпретседател“ фрли нов поглед на потпретседателството – позиција што некогаш ја имаше Бајден, исто така беше почестена. „Таа го прифаќа животниот апсурд со апсолутна духовитост и ги носи вистинските животни пресврти со апсолутна благодат. Таа е мајка, таа е преживеана од рак, таа е пионер во комедијата, таа е американски оригинал“, рече Бајден за Луис-Драјфус, која се прослави со улогата на Елејн во „Seinfeld“.
Медал доби и актерката Минди Калинг, една од главните ликови на долгогодишното телевизиско шоу „Во канцеларија“, сместено во родниот град на Бајден, Скрентон, Пенсилванија.
Кога Бајден го претстави авторот Колсон Вајтхед пред публиката, тој нагласи дека ја добил Пулицеровата награда за неговите книги две години по ред, навестувајќи ги неговите амбиции. Ќе пробам и два по ред“, рече Бајден, кој претходно најави дека има намера повторно да се кандидира во 2024 година.
Почестени беа и пејачката Гледис Најт, модната дизајнерка Вера Ванг, историчарот Волтер Исаксон и авторите Ејми Тан, Ен Пачет и Тара Вестовер, меѓу другите.