Канцелариите на компанијата Мерцедес-Бенц во Синделфинген, во близина на Штутгарт, беа претресени како дел од истрагата против двајца менаџери на компании кои се соочуваат со обвиненија за корупција, беше објавено во вторникот.
-„Акцијата се спроведува поради сомневање за корупција при деловни процеси“, соопшти државното правобранителство во Штутгарт.
Германските медиуми пишуваат дека се работи за истрага против двајца менаџери на Мерцедес-Бенц кои примиле мито „во износ од милиони“ во замена за обезбедување договори за добавувачи.
-„Осомничените се заслужни што успеале да влијаат на изборот на одредени добавувачи“, пренесуваат медиумите.
При претресот, кој беше извршен на крајот на минатата недела, во одделенијата за набавки се одземени еден мобилен телефон и еден компјутер.
Компанијата соопшти дека претресот е извршен на иницијатива на самиот Мерцедес-Бенц.
„Мерцедес-Бенц е оштетен во овој случај и ние самите ја поднесовме пријавата“, соопштија од автомобилскиот концерн.
Според некои германски медиуми, раководството одбило да каже колкава е сумата, а воедно да потврди дека станува збор за најголемиот корупциски случај во историјата на компанијата.