More

    На Фејсбук осамна слика од херојот кој го спаси бебето во водите на реката Морача во Подгорица исцедувајќи ја водата од неговите бели дробови

    spot_img

    На Фејсбук осамна слика од херојот кој го спаси бебето во водите на реката Морача во Подгорица исцедувајќи ја водата од неговите бели дробови. Се работи за Аднан Дибрани, шведски пратеник, беше дел од набљудувачката мисија на Парламентарното собрание на Советот на Европа што го следеше денот на изборите во Црна Гора.

    Тој вели дека не можел ни да замисли дека ќе се најде во таква ситуација. Се плашел, вели, дека е доцна, но не се откажал.

    – Им го зедов бебето и се обидов да го направам тоа што го знам, најдобро што можам. Го стиснав бебето преку стомакот и грбот, ја исцедив водата од неговите бели дробови. Кога го слушнав неговиот плач, бидејќи подоцна дознав дека е машко, се упатив кон итната медицинска помош и им го предадов бебето – изјави Аднан, и самиот татко на три деца.

    Претходно, бебето од водата го извлекле тројца вработени во Јавното комунално претпријатие во Подгорица.

    Вчера веста дека 62-годишна жена се фрлила заедно со бебето одекна на Балканот. Бабата починала по ударот во карпите во водата на самото место.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img