Фудбалската репрезентација на Аргентина предводена од Лионел Меси минатата година во Катар стигна до првата титула светски шампион по 1986 година.
Тоа беше единствениот трофеј што му недостасуваше на легендарниот Аргентинец во кариерата, а многумина веруваат дека сега може да се смета за најдобар фудбалер на сите времиња.
Фановите во татковината го обожаваа, а откако им ја донесе „Божица“, љубовта стана уште поголема.
Тоа најдобро го покажуваат синоќешната снимка по враќањето во Аргентина, поточно Буенос Аирес, каде Меси беше пречекан од стотина фанови кога излезе во еден од рестораните.
Ниту Аргентинецот не се побуни, а насмевката на лицето кажува дека му се допаднало вниманието: