More

    Немири во Германија: Полицијата со водени топови ги растера гневните навивачи

    spot_img

    Навивачите на германскиот второлигаш Хановер предизвикаа нереди на својот стадион, набрзо по враќањето на тимот од гостувањето кај Ајнтрахт во Брауншвајг, кој домашниот тим го доби со резултат 1:0.

    На фотографиите и видеата на социјалните мрежи се гледа како навивачите фрлаат разни пиротехнички средства преку оградата на стадионот на клубот. Полицијата употреби водени топови за да ги растера гневните навивачи. Според весникот „Билд“, неколку играчи, главниот тренер Стефан Лајтл и спортскиот директор Маркус Ман, се приближиле до оградата за да разговараат со навивачите.

    Рангиран на 10. место во Звејта, Хановер беше долгогодишен член на Бундеслигата, но од 2019 година е во „втора класа“ на германскиот фудбал. Поразот од вечниот ривал од Брауншвајг, со голот на Јанис Николау во 90. минута тешко им падна на навивачите, но и на сите членови на клубот.

    Инаку, во последно време германскиот фудбал бележи пораст на насилството на навивачите. Полицијата вчера соопшти дека покренува истрага откако телевизиски оператор беше погоден со факел на саботниот натпревар од Бундес лигата меѓу Борусија Дортмунд и Келн.

    Навивачите на Ајнтрахт од Франкфурт дивееја неодамна во Неапол, пред реваншот против Наполи во осминафиналето на Лигата на шампионите, иако им беше забрането да купат билети за овој натпревар.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img