Река од мртви риби тече низ Нов Јужен Велс

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Милиони угинати риби пловат на десетици километри од реката Дарлинг во близина на градот Мениди во Нов Јужен Велс, Австралија, потврдија локалните власти, кои се соочуваат со проблем како да ја исчистат реката од труповите.

Причина за големата еколошка катастрофа нејверојатно е топлотниот бран што го зафати овој дел од Австралија. Станува збор за трет таков масовен помор на риби на тоа подрачје од 2018 година наваму.

На социјалните мрежи се објавени видеоснимки од поморот на риби, а чамците всушност не пловат на површината, туку се пробиваат преку непрегледните количини мртви риби.

– Навистина е ужасно, има мртви риби до каде што ви фаќа погледот! Тоа е невозможно да се сфати. Влијанието на околината е несогледливо – изјави за АФП Греам МекКраб, жител на Мениди, град кој се наоѓа на 12 часа возење од Сиднеј. Градот има популација од околу 500 жители, а последните години е опустошен од суши и поплави.

Популацијата на харинги и крапови нагло пораснала во реката по неодамнешните поплави, но сега рибите масовно изумираат додека водата се повлекува поради сушата.

Тие помори на риби се поврзани со ниските нивоа на кислород во водата. Топлото време во регионот исто така ја влошува ситуацијата, бидејќи топлата вода содржи помалку кислород, а рибите имаат поголема потреба за кислород на повисоки температури. Поморот на риби го поттикнува и цутењето на отровните алги, кои се протегаат на 40 километри во реката Дарлинг. Локалните власти уште во 2019 година предупредувале дека ќе има уште такви помори.

 

 

Share This Article