More

    Со 4.500 амандмани ВМРО-ДПМНЕ и Левица го блокираа донесувањето на четирите закони за зголемувањето на платите

    spot_img

    Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, како и двајцата пратеници од Левица денеска со 4.500 амандмани ги блокираа четирите закони со кои се бараше покачување на платите на судиите, јавните обвинители и судскиот и обвинителскиот совет.

    Четири закони беа на дневен ред на седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, а откако беше констатирано дека за секој од законите има поднесено по околу 500 амандамни, таа беше прекината.

    Дајанчо Ефтимов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција во Собранието истакна дека во услови кога инфлацијата во државата е на алармантно ниво, кога стопанствениците едвај даваат плати на своите вработени, кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај, новата Влада со очигледно стари навики, не отстапува од намерата да ги зголеми платите на судиите и обвинителите.

    – За да биде појасно, пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата не е против покачувањето на платите на судиите и јавните обвинители, но како одговорни пратеници реагираме од принципилени причини бидејќи токму покачувањето на платите во судството треба да биде последната, а не првата мерка која што оваа Влада треба да ја направи – рече Ефтимов.

    Од Левица денеска информираа дека пратениците Димитар Апасиев и Борислав Крмов поднеле вкупно 2.400 амандмани.

    „Стоиме на ставот дека сè додека не се воведат суштински реформи во правосудството, кое ќе ги опфати проблемите кои се наталожени (на пример: трајниот мандат на судиите, нивната неоговорност за штета нанесена на странките, контоверзниот начин на избор во Академијата за судии и јавби обвинители, системот на кариерен развој во повисоки судови и сл.) – нема да дозволиме зголемување на бенефициите на оваа лесно расиплива сорта на луѓе, кои се приврзоци на секој неправеден систем“, порачаа од Левица.

    Претходно на Комисијата за политички систем и пратениците од владејачката коалиција и опозицијата ги поддржаа измените на Законот за Собрание за изедначување на платите со минималната плата, како и Законот за аменстија, со којшто ќе се одредат условни казни за лицата кои беа казнети за врема на ковид пандемијата.

    ВМРО-ДПМНЕ го поддржа законот, но според пратеникот Антонио Милошоски тој од еден аспект е дискриминирачки бидејќи не ги опфаќа лицата кои веќе платиле казна за прекршување на полицискиот час во ковид кризата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img