More

    Порака од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Франкофонијата

    spot_img

    Претседателот Стево Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Франкофонијата – 20 Mарт, ја упати следната порака:

    Денес го одбележуваме Меѓународниот ден на Франкофонијата. За Република Северна Македонија, членството во Меѓународната организација на Франкофонијата е уште една можност преку изучувањето, промоцијата и чествувањето на францускиот јазик да ги афирмираме универзалните вредности на мирот, демократијата, човековите права и соработката меѓу народите, како и мултилингвизмот и културната разновидност. Вредности во кои веруваме и кои ги практикуваме, на национален план и во поширок меѓународен контекст. Вредности кои денес се поскапоцени од кога било порано.

    Франкофонијата ги проширува нашите хоризонти и ја зајакнува културната размена со светот. Во деновите кога прославуваме 100 години од раѓањето на големиот македонски поет, Ацо Шопов – и самиот франкофон, како и 50 години од основањето на катедрата за македонски јазик во Париз, дополнително ја согледуваме и улогата на францускиот јазик и на Франкофонијата, како благородни сопатници и афирматори на македонскиот јазик и македонската литература и севкупно културно творештво. Таа плодотворна дружба и меѓусебното збогатување имаат своја традиција.

    Да се потрудиме да имаат и иднина, во обединета Европа кон која стремиме и како скапоцен дел од мозаикот на културни разноликости на народите на светот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img