Во дербито на 25. коло на Бундес лигата, Баер Леверкузен на домашен терен го совлада Баерн со 2:1.
Ваквиот резултат оди во корист на Борусија Дортмунд, која остана на врвот со бод повеќе од минхенскиот гигант (53:52). На Баерн не му се случило десет години да не биде прв на табелата по 25 кола.
За поразот од Баерн се огласи и спортскиот директор на клубот Хасан Салихамџиќ.
„Вакво нешто ретко се гледа. Пропуштивме се што можевме, а бевме претекнати од тимот кој го одигра натпреварот во четвртокот и победи. Бевме инфериорни во секој аспект“, прокоментира популарниот Брацо.