Руски воен авион Су-27 се обидел да собори украински дрон Бајрактар над Црното Море, само пет дена откако американски дрон и руски авион се судрија во овој регион, тврдат турските медиуми. Еден од медиумите, SavunmaSanaiiST.com, објави и видео. На видеото се гледаат два обиди за соборување на Бајрактарот.
Не е јасно дали двата обиди се направени од ист ловец. Дронот и во двата случаи силно се затресува, но успева да ги задржи правецот и висината на летање од над пет километри над површината на водата.
Уште се чека на потврда од западните медиуми за овој случај.
Во инцидентот пак, од пред неколку денови, кога американскиот дрон МQ-9 беше соборен, рускиот авион успал да му го оштети задниот пропелер, па дронот потона во морето.