-“Дијалог меѓу Белград и Приштина: Анекс за спроведување на Договорот за патот кон нормализирање на односите меѓу Косово и Србија
– Овој Анекс е составен дел на Договорот.
– Косово и Србија целосно се обврзуваат да ги почитуваат сите членки на Договорот и овој Анекс, и брзо и со добра волја да ги спроведат сите нивни обврски кои произлегуваат од Договорот и од овој Анекс.
– Страните забележуваат дека Договорот и Анексот за имплементација ќе станат составен дел на соодветните процеси за пристапување на Косово и Србија во ЕУ. Страните забележуваат дека веднаш по усвојувањето на Договорот и овој Анекс, посредникот на ЕУ ќе започне процес на промена на критериумите за Поглавјето 35 за Србија поради обврските кои произлегуваат од Договорот и овој Анекс. Агендата на Косовската специјална група за нормализација подеднакво ќе ги одразува и новите обврски што ги има Косово, а кои произлегуваат од Договорот и од овој Анекс.
– Страните се согласуваат итно да ја прифатат Декларацијата за исчезнати лица, како што е договорено во рамките на Дијалогот со посредство на ЕУ.
– За да се примени членот 7, Косово веднаш иницира преговори во рамките на Дијалогот со посредство на ЕУ за воспоставување конкретни аранжмани и гаранции за да се обезбеди соодветно ниво на самоуправа за српската заедница на Косово, во согласност со релевантните претходните договори за дијалог воспоставени од посредникот на ЕУ.
– Партиите се договорија во рок од 30 дена да формираат Заеднички комитет за следење, со кој претседава ЕУ. Спроведувањето на сите одредби ќе биде обезбедено и надгледувано од Заедничкиот комитет за следење.
– За да се примени членот 9, ЕУ во рок од 150 дена ќе организира донаторска конференција со цел да се воспостави пакет за инвестиции и финансиска помош за Косово и Србија. Помошта нема да биде доделена пред ЕУ да утврди дека сите одредби од Договорот се целосно имплементирани.
– Косово и Србија се согласуваат дека ќе ги спроведуваат сите точки независно една од друга.
– Редоследот на позициите од овој Анекс не го доведува во прашање редоследот на нивното спроведување.
– Косово и Србија се согласуваат дека нема да ја блокираат примената на ниту еден член (точка).
– Сите дискусии поврзани со спроведувањето на Договорот ќе се одвиваат во рамките на Дијалогот што го води ЕУ.
– Косово и Србија забележаа дека секое неисполнување на нивните обврски од Договорот, овој Анекс или претходните договори за дијалог може да има директни негативни последици за нивните процеси за пристапување во ЕУ и за финансиската помош што ја добиваат од ЕУ.
Да потсетиме, оваа рунда дијалог меѓу Белград и Приштина на највисоко ниво во Охрид под покровителство на Европската Унија траеше речиси 12 часа, а по неа претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека не потпишал ништо. , дека е постигнат „некаков договор“, дека неколку точки ќе станат составен дел од преговарачката рамка на двете страни и дека напредокот во евроинтеграциите ќе зависи од нивното спроведување. Веднаш беше констатирано дека е во тек процесот на формирање на ЗСО“, рече Вучиќ.
Косово и Србија се договорија за анексот на имплементацијата на договорот за патот кон нормализација на односите, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Јозеп Борел. Тој нагласи дека двете страни ќе бидат обврзани со договорот што ќе биде дел од нивното европско патување.
Претседателот на Србија бега од потпишување на договорот, а тоа е де факто признавање, изјави по средбата косовскиот премиер Аљбин Курти, кој на новинарите им порача дека е подготвен да го потпише.
Американскиот претставник за Западен Балкан Габриел Ескобар изјави дека во неделата вечерта е постигнат тежок, но неопходен договор меѓу Белград и Приштина“.
Вучиќ и Курти прво се сретнаа, одвоено, со Јозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, а нешто пред 15 часот и 30 минути почна трилатералната средба која траеше до 22 часот.