Сопственикот на порталот Доказ М, Стаменковски, попладнево е пуштен од Клиника за кардиологија по негово барање

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Сопственик на порталот Доказ М, Марјан Стаменковски, попладнево е пуштен од Клиника за кардиологија по негово барање.

Иако одговорните во Клиниката инсистирале да го задржат Стаменковски на лекување, од засега непознати причини тој тоа го одбил и решил да се врати во затворот во Шуто Оризари.

Стаменковски бил префрлен со возило на брза помош ноќеска околу 3 часот, откако се пожалил на болки во градите и други тегоби.

Откако итно е испитан, лекарите утврдиле дека има потреба да биде задржан на Клиниката поради проблеми со срцето. Но, Стаменковски тоа не го прифатил и на негово инсистирање е вратен во затворот.

Судскиот процес против Стаменковски е во тек.

Share This Article