More

    Лицата со попреченост од другите градови ќе ги паркираат возилата под исти услови како и скопјани

    spot_img

    По вчерашната објава на велешанка која на социјалните мрежи се пожали дека во Скопје ѝ била наплатена казна затоа што паркирала на место за инвалиди иако на возилото има налепница за инвалиди и е член на здружение на лица со инвалидност, Град Скопје конечно ќе почне да го решава овој проблем.

    Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје веќе поднесе барање за дополнување на дневниот ред со точка предлог иницијатива за изменување на Програмата за повластено користење на паркинг услуги на јавните паркиралишта и површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП „Градски Паркинг” Скопје од страна на лица со попреченост за 2023 година.

    „Целта на оваа иницијатива е ЈП ‘Градски паркинг’ Скопје да обезбеди можност за паркирање на лица со попреченост под исти услови независно од нивното место на живеење и да ја прошири листата на дијагнози на лица со попреченост. Ги повикуваме и очекуваме поддршка и од останатите советнички групи во Советот на Град Скопје за поддршка на оваа иницијатива“, се вели во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img