More

    18 години затвор за Велешанецот кој усмрти девојче

    spot_img

    Велешанецот Ангелчо Николов, кој пијан и со огромна брзина со „мерцедес“ прегази мајка и ќерка на пешачки премин во Велес, при што 11-годишната Магдалена почина, е осуден на вкупно 18 години казна затвор.

    Сообраќајната несреќа се случи две недели пред Нова година. Возачот Николов, откако ги прегазил мајката и ќерката, наместо да им помогне, побегнал од местото на настанот. По два дена полицијата го пронајде и го уапси.

    На првото рочиште тој ја призна вината за делото. Денска судскиот совет на велешкиот суд ја образложи својата одлука.

    „Обвинетиот безобзирно го напуштил местото на несреќата, се криел повеќе од 30 часа, не се интересирал што се случило со оштетените. Самото пријавување судот не го зема како олеснителна околност. Двапати е казнуван за возење во алкохолизирана состојба. Признавањето на вината не се зема како олеснителна околност, затоа што судот не стекна впечаток дека има кај него жалење и каење. Судот донесе пресуда – Ангелче Николов на 17.12.2022 управувајќи автомобил „мерцедес“ стори тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и неукажување помош на повредени лице во сообраќајна незгода, па за двете дела се осудува на единствена казна затвор 18 години“ – соопшти Судскиот совет.

    Судечката судијка ја објаснуваше висината на казната.

    – За тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, предвидена е казна од најмалку четири години, а не повеќе од 20 години. За неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода предвидена е глоба или казна затвор до една година – појасни судијката.

    На Николов му е изречена и забрана за управување со моторно возило пет години.

    Адвокатот Јанаки Митровски, кој го застапува семејството на прегазената и усмртена 11-годишна Магдалена, очекува одговорност и од сопатниците на возачот Ангелчо Николов. Тој по судењето изјави дека поднел кривична пријава против нив. Адвокатот тврди дека сведок раскажал како сопатниците се вратиле на местото каде се случила несреќата, но настанот не го пријавиле во полиција ниту сакале да откријат дека Николов го возел возилото. Освен за нив, Митровски бара да се открие и кој го криел Николов додека тој беше недостапен за надлежните органи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img