More

    Пејачот Џастин Бибер ги информираше обожавателите за неговото закрепнување откако му беше дијагностициран синдромот Рамзи Хант

    spot_img

    Пејачот Џастин Бибер ги информираше обожавателите за неговото закрепнување откако му беше дијагностициран синдромот Рамзи Хант.

    Тој во средата на својот инстаграм-стори сподели видео во кое можел да ги движи двете страни на лицето, нешто што не можел да го направи минатата година.

    „Чекајте“, им напишал тој на своите следбеници на својот инстаграм-профил кој брои повеќе од 281 милион. Во краткиот клип, Бибер ги мрдал очите од една на друга страна, ги кревал веѓите и се смешкал.

    Рамзи Хант синдромот се карактеризира со болен осип во близина на увото, лицето или устата. Се манифестира кога вирусот варичела-зостер инфицира нерв во главата, а понекогаш може да предизвика парализа на лицето.

    Минатиот јуни канадскиот пејач откри дека страда од овој синдром. Во тоа време двократниот Бибер рече дека за опоравување ќе биде потребно време и дека ќе мора да прави различни вежби за своето лице. Дијагнозата го принуди да ги одложи датумите на неговата светска турнеја во САД.

    „Тоа е од овој вирус кој го напаѓа нервот во моето уво и моите фацијални нерви и предизвика парализа на моето лице. Како што можете да видите, ова око не трепка. Не можам да се насмевнам на оваа страна од лицето, ова ноздра не може да се движи. Целосно сум парализиран од оваа страна на лицето“, објасни тој во видеото на Инстаграм во јуни.

    „Преку сета оваа непријатност најдов утеха во оној кој ме создаде и кој ме познава. Тој ги знае најтемните делови од мене што не сакам никој да ги знае и постојано ме зема во своите прегратки за љубов“, вели тој. – рече Џастин, мислејќи на Господ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img