Таксист од Марибор пред неколку дена оставил исцрпен маж да лежи покрај патот во населбата Нова Вас. Инцидентот го истражува и полицијата. Што дознала таа досега?
Словенечката јавност на социјалната мрежа Твитер ја шокираше видеото од таксист кој остави исцрпен маж да лежи покрај патот во Марибор.
Видеото на Твитер го сподели лекарот Андреј Хонец, кој според сопствените изјави му помогнал на немоќниот и ја известил полицијата за инцидентот.
Полициската управа во Марибор за инцидентот била известена на 13 март. Како што е соопштено за N1, таксистот го оставил мажот во реонот на Полициската станица Марибор II, односно во населбата Нова Вас.
„Кога полицијата пристигнала на местото на настанот забележала маж на земја пред капијата на паркингот и го спровела до станот на адресата на неговото живеалиште во близина“, објаснуваат од полициската управа Марибор. Оттаму додаваат дека полицијата засега не констатирала траги на прекршочно или кривично дело, а се уште прибира информации за настанот.
На клипот што кружеше на интернет реагираше и добротворната организација Хуманитарчек, која им помага на старите лица. „Дали навистина паднавме толку далеку? Без разлика на причината, никој не заслужува да биде третиран на овој начин. Посебно кога станува збор за постарите, чија збунетост не е нужно резултат на пијанство, туку на многу други болести…“, напишаа тие.