Официјалната новинска агенција на Северна Кореја КЦНА објави дека претседателот Ким Џонг-ун го надгледувал пробното лансирање на ракетата Хвасонг-17 и ја нагласил целта да се „внесе страв кај непријателите“ поради, како што рекол, „отвореното непријателство“ покажано кон Северна Кореја со заедничките воени вежби на САД и Јужна Кореја.
Ракетата била лансирана под висок агол за да се избегне територијата на соседите на Северна Кореја, а проектилот достигнал максимална височина од 6.045 километри и поминал 1.000 километри пред да падне во водите на источниот брег на земјата, соопшти КЦНА.
фото: МИА