Гневот на навивачите на ПСЖ кон Лионел Меси е голем со оглед на тоа што нивниот клуб веќе втора година по ред е елиминиран во осминафиналето од Лигата на шампионите, од доаѓањето на Аргентинецот.
Затоа по неуспехот против Баерн му го подготвуваат истото како лани по Реал. Бараж од заглушувачки свирежи и навреди на домашниот дерби натпревар од францускиот шампионат против Рен, единственото натпреварување во кое ПСЖ може да го земе трофејот оваа сезона.
Навивачите на ПСЖ се бесни на Меси бидејќи во сите четири клучни натпревари во изминатите две сезони не се гледаше играчот на кој парижаните му плаќаат 40 милиони евра годишно.
Меси немаше ниту гол ниту асистенција на натпреварите против Реал и Баерн. На тие четири меча имаше само три удари кон голот, а се истакна бидејќи минатата сезона Куртоа му одбрани пенал.
„На неделниот натпревар на Паркот на принцовите против Рен, ќе го исвиркаме Меси. Добива премногу во споредба со она што го дава на теренот, особено затоа што повторно го немаше на најважните натпревари во Лигата на шампионите, од кои испаднавме прерано оваа година. Не го сакаме повеќе во клубот“, порачаа навивачите на ПСЖ.