Вака изгледа денес момчето Љуба кое сними дует со Северина

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Љуба Станковиќ на само шест години се појави во шоуто „Ѕвездите на Пинк“ и ја воодушеви публиката и жирито, а истата година со Северина ја сними песната „Туторијал“. Една година подоцна, тој и беше гостин на концертите во рамките на турнејата „Тhe Magic Tour“.

Љуба денес има 11 години и се уште се занимава со музика и пее. Неодамна ја објави својата соло песна под назив „Земља“. Таа песна ја претстави во емисија на српската телевизија.

 

Денес изгледа многу поинаку отколку пред пет години. На снимањето на емисијата пристигнал во темно син костум со машна, а покажал и нова, необична фризура.

Северина еднаш многу го пофали младиот Љуба и објасни како решила да работи со него.

„Кога Јала Брат ми испрати песна, во еден дел од неа го издигна гласот и ми звучеше како дете. Тогаш помислив на Љуба Станковиќ, чудо од дете и идна голема ѕвезда. Прекрасно и необично талентирано дете, полно со емоции и радост, што на почетокот го забележав. Им благодарам нему и на неговите родители што ми дозволија заедно со него да ја изведам „Туторијал““, објасни Северина.

 

- Advertisement -
Ad image
Share This Article