Актерката, пејачката и најследената жена на Инстаграм Селена Гомез објави фотографија на која позира во сосема природно издание, без шминка и со неа ги воодушеви своите фанови.
Гомез, која има речиси 400 милиони следбеници и често позира во вакви природни изданија, заедно со двете фотографии, го додала и описот „Violet Chemistry“, што е името на песната на нејзината колешка и пријателка Мајли Сајрус.
Објавата за еден ден собра повеќе од 22 милиони лајкови, а многу брзо бројни ѕвезди коментираа покрај фотографијата на Селена. Мајли Сајрус и остави црвено срце, исто како и Мишел Фајфер, додека бројни други познати личности како Парис Хилтон, Џесика Капшоу, Суед Брукс и оставија емотикони и пораки во кои нагласуваат колку е убава.
„Еве ја во целиот свој полн сјај“, коментирала Брукс, додека Кепшоу напиша: „Убава“. А со нив се согласија и обожавателите на Селена, кои ја опсипуваа со комплименти во илјадниците коментари кои следеа.