Таа успеа да ја намали својата тежина на половина.
Кога се појави на музичката сцена, Ана Николиќ беше една од најубавите локални пејачки, но за време на бременоста се здебели со вишок килограми со кои долго се бореше.
Пејачката во месеците по породувањето постојано ја водеше битката со несаканите килограми, а потоа реши да ги земе работите во свои раце и да се посвети на своето здравје.
Ана Николиќ со специфичен режим на исхрана и редовен тренинг успеа да ослабе 50 килограми. Поточно на 105 достигнала 50 килограми.
„Најважно е внесот на течности. Ја имам мојата утринска рутина штом станам пијам две чаши вода. Некогаш со лимон, некогаш без. После тоа следува појадок, кој често е јајце со домат или некој друг зеленчук. Понекогаш можеби само свежа салата или житарици. За ручек јадам бело месо или риба со зеленчук на пареа. Ги исклучувам јаглехидратите (белото брашно), се придржувам до внесот на калории од 1.000 kcal до 1.200 kcal“, изјави пејачката еднаш за локалните медиуми.
И Ана се откажа од слатките, а ако има желба за шеќер јаде лажица Нутела.
Губењето вишок килограми е прашање на психата“, вели таа.
Ако била гладна ноќе, би јадела зеленчук, а преку ден знаела да пие и четири литри вода.
Во продолжение погледнете типично дневно мени на Ана Николиќ:
две изматени јајца со еден домат или јогурт со лушпи, јаболко и грст ореви
Ручек:
супа од брокула, лосос со спанаќ или печурки со кромид и бело месо или зелена салата со туна
јогурт и овошје