Пејачката Ана Бекута 40 дена молчеше за смртта на својата мајка, а сега се прости од својата мајка Милица отворајќи си ја душата со емотивни зборови.
– Поминаа 40 дена откако мојата добра мајка Милица отиде во Царството небесно, а јас засекогаш престанав да бидам нечие дете. Кога ќе умре мајка, умира цел свет, последната грижа за тоа зошто доцните од патот и секое тивко сомневање дека нешто не е во ред затоа што и се присторило дека твојот глас на телефонот е поинаков. Со секоја мајка умира една уметност на готвење, еден начин на поставување трпеза, една историја, едно семејство и еден начин на сакање и една универзална, а сепак уникатна грижа за детето кое одамна веќе е нечија мајка. Почивај во вечноста на твојата љубов, драга моја мајко – напиша Бекута на Инстаграм.