По инцидентот со дронот, односите меѓу САД и Русија на „жалосно ниво“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Доналд Трамп и Рон Де Сантис, двајцата републикански кандидати за претседател во САД дадоа до знаење дека доколку дојдат на власт ќе го сопрат снабдувањето со оружје за Украина. Тоа ќе направи војната да заврши по условите кои ги сака Путин, анализира Си-Ен-Ен.

И Трамп и Де Сантис го коментираа сударот на американски дрон и руски авион Су-27 над Црното Море, инцидент за кој Кремљ се огласи дека ги ставил американско-руските односи на најниско ниво досега, во жалосна состојба.

Додека САД ја обвинуваат Москва за сударот и првиот советник за национална безбедност на Џо Бајден се пожали дека веројатно дронот никогаш нема да биде извлечен од дното на морето, Трамп и Де Сантис излегоа со спротивни пораки.

„Смртта и уништувањето мора да завршат сега!“, напиша Трамп во коментар на Такер Карлсон кој на Твитер постави прашалник .

Рон ДеСантис, актуелен гувернер на Флодира, кој и самиот е голем ривал на Трамп напиша:

„Не можеме да ѝ дадеме приоритет на интервенцијата во ескалирачката странска војна пред одбраната на нашата сопствена татковина“, напиша тој.

Но, истовремено инцидентот запали и други аларми во САД од истиот републикански табор.

„Овој инцидент треба да послужи како повик за будење до изолационистите во Соединетите држави дека е во наш национален интерес да го третираме Путин како закана каква што тој навистина е“, напиша републиканскиот сенатор од Мисисипи, Роџер Викер.

Од другата страна на океанот портпаролот Дмитриј Песков вели дека сепак „Русија никогаш нема да избегне да се вклучи во конструктивен дијалог“.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article