Во Грција штрајкуваат новинарите, утре цела администрација

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Новинарите во Грција, организирани од нивните здруженија, во пет часот утрово започнаа 24-часовен штрајк во рамките на утрешниот генерален штрајк за железничката несреќа, со што земјата денеска ќе биде без вести и информативни емисии.

Во изминатите години пракса на новинарите е кога учествуваат во генерален штрајк на синдикатите, нивниот прекин со работата да биде ден претходно за да можат да ги покријат протестите и демонстрациите и да информираат за нив.

Последните објавени вести во Грција денеска се кусо пред пет часот утрово, неколку минути пред почетокот на штрајкот во кој учествуваат информативните портали, телевизиите, радијата, како и државната новинска агенција АНА-МПА и државната телевизија ЕРТ.

Од новинарските здруженија велат дека новинарите од целата земја им се придружуваат на грчкото општество и синдикалното движење и го поддржуваат барањето да сносат одговорност виновните за железничката несреќа и да се донесат мерки за во иднина да се избегнат слични несреќи. Штрајкот на новинарите ќе трае до утре во пет часот наутро.

Двата најголеми грчки синдикати на вработените во државниот и приватниот сектор за утре закажаа генерален, 24-часовен штрајк што се очекува повторно да ја парализира земјата.

Нема да функционираат државните служби, затворени ќе бидат училиштата, бродовите и траектите ќе останат закотвени на пристаништата, проблеми ќе има во авионскиот сообраќај со откажани летови, а во Атина и низа други градови ќе се одржат протести.

Share This Article