Во Франција штрајк во сообраќајот како дел од протестот против пензиските реформи

Saso
By Saso 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
General Confederation of Labour (CGT) trade union members demonstrate against the government's pension reform plan, before the countdown clock ceremony presentation of Paris 2024 Olympic Games, in Bobigny near Paris, France, March 14, 2023. REUTERS/Gonzalo Fuentes
- Advertisement -
Ad image

Сообраќајот, особено авиосообраќајот, денеска ќе биде во прекин во Франција како дел од протестите во земјата против пензиската реформа, водечка мерка во вториот претседателски мандат на Емануел Макрон.Министерот за транспорт Клеман Бон рече дека не треба да очекуваме „црн ден“ во јавниот превоз.

На аеродромот Орли во Париз ќе има 20 отсто помалку летови, рече Бон, додавајќи дека прекинот во сообраќајот веројатно ќе биде помал во споредба со претходните денови на протести, кои започнаа на почетокот на годината.

Француските железници (SNCF) објавија дека штрајкот во тој сектор започнал на 7 март на повик на синдикатот и дека претходните денови биле откажани до 80 отсто од брзите возови (TGV). За денеска не се знае со кој интензитет ќе сообраќа пругата, инаку омиленото превозно средство на Французите низ земјава.

Во целиот воздушен сообраќај ќе бидат откажани околу 30 проценти од претежно регионалните летови.

Француските синдикати веќе организираа седумдневен штрајк и мобилизираа неколку стотици илјади Французи, во обид да ја принудат владата да се откаже од пензиските реформи.

Синдикатите и граѓаните се најмногу против поместување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.

Француските власти засега не реагираат и предлог-законот за реформи во моментов е во парламентот и наскоро се очекува конечната одлука за негово усвојување. Предлогот беше усвоен во Горниот дом, Сенатот, а сега се расправа на парламентарна комисија составена од претставници на двата дома.

Share This Article