More

    Нови 30 случаи сомнителни на туберкулоза

    spot_img

    Уште 22 деца и десетина возрасни од привремени живеалишта за социјално ранливи групи се тестирани во детската болница во Козле и во Институтот за ТБЦ, а резултатите треба да покажат дали ја имаат заразната болест туберкулоза, објави Телма.

    Овие сомнителни случаи се поврзани со трите деца кои се веќе хоспитализирани во болницата Козле и со пациентот кој е на респиратор на Клиниката за детски болести.

    – Ние имаме термини кога ги правиме тие манту-тестови и ќе ги повикуваме и по анализите ќе знаеме каква е состојбата. Возрасните ќе одат во Институтот за ТБЦ и ако некој од нив е позитивен ќе биде полесно за нас да ги следиме децата – вели д-р Катерина Бошковска, раководител на оддел за туберкулоза во детска болница Козле.

    Лекарите смируваат дека нема простор за паника, но и повикуваат да не се стигматизираат луѓето кои можеби имаат туберкулоза. Во болницата немаат детален преглед за вакциналниот статус на сите деца, бидејќи дел од нив немале здравствени легитимации.

    – Бројот е голем бидејќи се многудетни семејства. Но и ковид-пандемијата си го направи своето, ние три години бевме сконцентрирани на лекување на ковид и имаме пораст на туберкулоза, но и на други заболувања како кардиоваскуларни, малигни – вели д-р Бошковска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img