More

    Сомнеж за шуга во „Зара“, инспекција ќе ја проверува гардеробата

    spot_img

    Поради сомневање за шуга, санитарната инспекција ќе ја проверува гардеробата во продавницата „Зара“, потврди за подгоричка Побједа, директорката на Управата за инспекциски работи, Ана Вујошевиќ.

    Како што дознава Побједа, некои граѓани се сомневаат дека од таа продавница добиле шуга и велат дека откако ја облекле облеката „зара“ им се појавил осип на стомакот или грбот.

    „Инспекција доби иницијатива и беше доделена на санитарна инспекција. Кога ќе заврши надзорот, ќе ја информираме јавноста за констатираната состојба“, рече Вујошевиќ.

    Поједа за оваа тема испратила прашања до Институтот за јавно здравје на Црна Гора, но не добила одговор. Неофицијално им било потврдено дека има случаи на шуга, но дека бројката не е невообичаена.

    Оваа заразна болест вообичаено се пренесува со продолжен директен контакт со кожата на заразено лице или со користење на иста постелнина, облека или долна облека со заразено лице.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img