More

    Арачиново го надмина планот, а Тетово, Кичево и Дебар потфрлија

    spot_img

    Сумирана е буџетската 2022 година за општините, на приходната страна дел успеале да го надминат планот, но дел потфрлиле, особено кај даночните приходи. Лани кај голем дел од општините се забележува дека трансферите од власта, кои претставуваат најдоминантна ставка на приходната страна, се пониски во однос на планираните, пишува Порталб.

    Со вклучени дотации и трансфери, општина Арачиново лани прикажала зголемени приходи во касата во однос на планот и тие изнесувале скоро 2,1 милион евра. Новите податоци за целата 2022 покажуваат дека сепак оваа општина не успеала да ги наплати сите планирани средства по основ на даноци. Од данок на имот, кој е еден од носечките за сите општини, се собрале 38.650 евра или 99% во однос на планот а позначајно потфрлување има кај данокот на доход од кој се собрале 16.300 евра или нешто повеќе од една третина во однос на планот. Од државата оваа општина добила скоро 2 милион евра што за разлика од другите општини каде што има намалување на овие средства, за Арачиново има зголемување во однос на планот.

    Данок на имот реализација / план

    Арачиново 38.650 евра 99,0%

    Чаир 1. 300 000 евра 111,3%

    Тетово 2.700 000 евра 130,3%

    Струга 1.300 000 евра 96,8%

    Кичево 920.500 евра 105,2%

    Гостивар 1.400 000 евра 105,3%

    Дебар 169.600 евра 87,1%

    Скопската општина Чаир потфрлила во однос на планираните приходи кои во 2022 година изнесувале 13,7 милион евра што е за 1,3 милион евра помалку во однос на планот. Од данокот на имот се наплатиле 1,3 милион евра што е за 11% повеќе во однос на планот. Оваа општина лани од другите нивоа на власт добила скоро 8,8 милиони евра. Потфрлување има кај данокот на доход од кој се наплатиле 388 150 евра.

    Трансфери од власта

    Арачиново 2.000 000 евра

    Чаир 8.800 000 евра

    Тетово 19.200 000 евра

    Струга 11.500 000 евра

    Кичево 9.900 000 евра

    Гостивар 13.800 000 евра

    Дебар 4.000 000 евра

    Општина Тетово лани не успеала да ги оствари сите планирани приходи – во касата се слеале вкупно 24,8 милион евра што претставува само 88% од планираните. Општинската власт наплатила поголем износ од планираниот кај данокот на имот од кој се слеале скоро 2,7 милион евра што е за 30,3% повеќе. Повеќе од планираните се собрале и средства по основ на данок на имот додека помалку во однос на планот има кај наплатата на такси и надоместоци, продажба на земјиште, други неданочни приходи. Трансферите од владата биле во износ од 19,2 милион евра.

    Помалку приходи во однос на планот реализирала општина Струга – финалните податоци покажуваат дека лани тие биле во износ од 17 милиони евра што е 92,2% во однос на планираните. Од данок на имот биле наплатени 1,3 милион евра што претставува 96,8% во однос на планот. Потфрлување има и кај приходите од наплата на такси и надоместоци и од други неданочни приходи. На сметката на оваа општина од власта биле трансферирани 11,5 милион евра.

    Вкупните приходи на општина Кичево лани изнесувале 13 милиони евра или 89,8% реализација во однос на планот. Од данок на имот во општинската каса се слеале 920 500 евра што е 5,2% повеќе во однос на планот. Потфрлување има кај даноци на специфични услуги, такси и надоместоци и други неданочни приходи. Од централната власт трансферите изнесувале 9,9 милион евра.

    Општина Гостивар лани остварила приходи во износ од 18,3 милион евра што претставува 96,2% во однос на планираните. Од данок на имот се собрале 1,4 милион евра или 5,2% повеќе во однос на проекцијата. На приходната страна потфрлување во однос на планот има кај даноци на специфични услуги, такси и надоместоци, глоби и други неданочни приходи. Од нивоата на власт на сметката на Гостивар се слеале 13,8 милион евра.

    Вкупните приходи на општина Дебар лани изнесувале 5,3 милион евра што претставува реализација од 82,4% во однос на проекцијата, што е позначајно потфрлување во однос на останатите анализирани општини. Од данок на имот се наплатиле 169 600 евра или 87,1% од планираното. Големо потфрлување има кај приходите по основ на даноци на специфични услуги, реализација од само 41% а значајно помалку се собрале пари и од такси и надоместоци, глоби и други неданочни приходи. Трансферите од власта биле во износ од 4 милион евра.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img