Бундесбанката го свика кризниот тим да ги согледа последиците

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Германската Бундесбанка денеска го собра својот кризен тим за да ги процени евентуалните последици од банкротот на американската банка Силиконска долина (SVB) за локалниот пазар, иако во Европа не се предвидени итни дејствија.

Акциите на банките во еврозоната денеска паднаа. Кризниот тим е создаден за време на финансиската криза во 2008 година и има задача да го информира советот на Бундесбанк и да прави препораки, но нема овластувања да донесува одлуки.

Одлуките за еврозоната ги носат националните надзорни органи за помалите банки и Единствениот надзорен одбор на Европската централна банка (ЕЦБ) за големите.

– Засега не се планира итен состанок на советот за надзор на банкарскиот сектор – изјави анонимен извор.

Според изворот од супервизорската структура, не се очекуваат директни последици од банкротот на банката  Силиконска долина за банките во еврозоната, освен ако кризата не се прошири и на поголемите американски банки.

Германското регулаторно тело Бафин (BaFin) денеска ја затвори германската филијала на банката Силиконска долина, јави ДПА.

Регулаторот како причина ја наведе „постоечката опасност за исполнување на обврските кон доверителите“. Сепак, тој нагласи дека банкротот нема да има големи последици за германскиот банкарски сектор.

Share This Article