„Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, ја оправдува нацистичката Германија за смртта на 11.000 Евреи, обвинувајќи дека нема место за нацисти во Европската Унија! И Пендаровски одделно ќе одговара за неговиот неонацизам и наскоро тоа ќе го разбере!“.
Ваква порака на Фејсбук му упати Виктор Стојанов, претседател на бугарската фондација „Македонија“ на претседателот Стево Пендаровски по вчерашните изјави на претседателот по повод 80-годишнината од депортацијата на македонските Евреи.