Криумчар на 11 мигранти излетал од патот, повредени четворица

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Нешто по полноќ од слобода е лишен Ј.З. (27) од Слупчане, општина Липково бидејќи тоа што со возило „опел” превезувал 11 мигранти (3 од Индија, 5 од Пакистан и 3 од Авганистан), соопшти МВР.

Според информациите од МВР, ноќеска околу 00,25 часот на автопат А1 Неготино-Велес тој не застанал на даден знак од страна на полициски службеници од Полициска станица Михајлово, по што во близина на Велес изгубил контрола над возилото, кое се превртело.

„Ј.З. и три лица мигранти со телесни повреди се пренесени во Општата болница Велес за пружање на лекарска помош, а потоа Ј.З. е лишен од слобода и задржан во Полициска станица Велес за понатамошна постапка, додека мигрантите се сместени во Привремениот транзитен центар Винојуг. За настанот е известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопштија од МВР.

Share This Article