На Европа ќе ѝ требаат години да се префли на американско нуклеарно гориво

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Европа бега од руските нафта и гас, но сакајќи да се префрли на нуклеарно гориво наиде на проблемот дека Русија повторно е големиот играч на пазарот. Статија во Њујорк Тајмс вели дека ќе бидат потребни години за европските земји да престанат да се снабдуваат со ураниум од Росатом, а да се префрлат на американскиот Вестингхаус. Тогаш пропаѓаат плановите на ЕУ за идната зима?

Цилиндрите на нуклеарните централи низ Европа не работат. До пред извесно време ЕУ-земјите беа навикнати својот ураниум да го купуваат од „нуклеарната продавница со еден шалтер“ – Русија, пишува Патриша Коен во статијата. Уште повеќе, мала беше поддршката да се санкционира Росатом.

Русија контролира 38 отсто од светскиот пазар за конверзија на овој минерал, а 46 отсто од капацитетите за негово обработување. Дури, цела петтина од вкупниот збогатен ураниум кој САД го добиваат пристигнува од Русија.

Некои од нуклеарните снабдувачи во Европа, на пример Фраматом во Франција потпиша договор со Росатом во декември 2021 година, токму пред војната. Тој уште не е раскинат, а компанијата одбива да даде коментар. Обично ваквите договори се потпишуваат за долги партнерства, на 15 до 20 години. Франција  и денес увезува 15 отсто од својот ураниум од Русија.

Сега сите овие држави брзаат да потпишат договори со американскиот Вестингхаус. Но, ова оттргнување од рускиот синџир на снабдување ќе оди бавно. Потенцијално, Вестингхаус би можел да замени 50 до 75 отсто од пазарот во Европа. Но, не и во остатокот од светот.

Според списанието Нејчр Енерџи, Росатом ќе има лоша репутација во Европа, но глобално синџирот ќе остане силен.

На пример, Русија лани заработила 1 милијарда долари од испораките на нуклеарно гориво.

Европа во моментов се потпира само во една четвртина од својата енергија на нуклеарните капацитети. Германија реши да затвори две нуклеарки поради снабдувањето со Русија. Вестингхаус на континентот доаѓа и ќе треба да гради нови капацитети и мрежа.

Во меѓувреме, Словачка ќе стави во погон една, а Унгарија ќе изгради две нуклеарни централи кои ќе се снабдуваат со руско гориво.

- Advertisement -
Ad image

Всушност, 18 нуклеарки во пет земји од ЕУ биле изградени од страна на Русија.

Share This Article