More

    Зеленски одбиен да се обрати, Академијата не меша политика со филмови

    spot_img

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски нема да може да се обрати на најпрестижниот филмски настан – Оскарите во САД, пишува Варајети. Американската филмска академија не сакаше да коментира за оваа одлука. Не можеше да се појави ни лани. Од друга страна, Зеленски минатата година успеа да одржи говори на Греми, на фестивалот Кан, на Златните глобуси каде беше претставен од Шон Пен…

    Единствените други места каде Зеленски претходно беше одбиен се филмскиот фестивал во Торонто, но и фестивалот Сан Ремо во Италија, каде притисокот од јавноста, но и поделеноста на власта беа доволни да се одбие неговото обраќање.

    Во случајот со Оскарите, за Зеленски молба упатил Мајк Симпсон, агентот на Арон Кауфман, човекот кој заедно со Шон Пен го режираше документарецот за Зеленски, именуван „Супермоќ“.  Идејата била откако ќе има видеобраќање на Берлинскиот филмски фестивал, Зеленски да упати зборови и на Оскарите.

    Лани, кога Оскарите го одбија Зеленски, главниот продуцент Вил Пакер изјави дека Холивуд ја опсипува Украина со внимание само затоа што настраданите во војната се со бела кожа, наспроти многуте војни каде има луѓе со друга боја на кожата.

    Познато е дека Академијата на Оскарите традиционално претпочита да се фокусира на придонесите на филмската заедница, а да се оттргне од сè што мириса на политика.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img