Полицијата во Хамбург го смета нападот врз црквата на Јеховините сведоци, во кој загинаа седум лица, е изолиран инцидент, објави агенцијата dpa повикувајќи се на безбедносни извори.
Нема индиции дека сторителот на масакрот е во бегство и дека би можел да биде меѓу загинатите, објави Билд повикувајќи се на полициски извори.
Се уште не се познати мотивите за нападот. Непознат сторител пукал и убил најмалку седум лица и ранил неколку други во салата на Јеховините сведоци во Хамбург.
Претходно, полицијата преку апликацијата за тревога ги повика жителите да се засолнат и да не излегуваат од куќите се додека сторителот или насилниците се во бегство.
„Барајте засолниште што е можно побрзо“, се вели во пораката.
Воедно, се повикуваат граѓаните да не шират неточни информации преку социјалните мрежи.
Полицијата го опколи местото на нападот и сега таму се специјалци.