More

    Во текот на ноќта руските сили ги бомбардираа речиси сите поголеми украински градови

    spot_img

    Во текот на ноќта руските сили ги бомбардираа речиси сите поголеми украински градови. На интернет беа објавени снимки како и мапа од нападот, на која се прикажани погодените градови.

    Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба ги опиша нападите врз Украина како „чисто руско варварство“.

    Претседателот на Украина Владимир Зеленски оцени дека вечерашниот масовен ракетен напад на Русија врз Украина е обид за тероризирање на цивилното население.

    Непријателот истрела 81 ракета, обидувајќи се повторно да ги заплаши Украинците, враќајќи се на нивната тактика. Окупаторите можат само да ги тероризираат мирните луѓе. Тоа е сè што можат да направат, но тоа нема да им помогне“, напиша Зеленски утрово на каналот Телеграм.

    Претседателот на Украина наведе дека нападите биле извршени во регионите Киев, Кировохрад, Днепропетровск, Одеса, Харков, Запорожје, Лавов, Ивано-Франковск, Житомир и Виница и дека цел биле важни инфраструктурни објекти и станбени згради.

    Зеленски напиша дека, за жал, има загинати и повредени и изрази сочувство до семејствата на жртвите. Тој посочи дека сите служби работат и дека продолжува реставрацијата на електроенергетскиот систем.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img