More

    Тренерот на Ремс ја има најдобрата низа без пораз во Европа

    spot_img

    Фудбалот ги кажува најинтересните приказни. Оваа фраза веќе стана вообичаена меѓу навивачите на најважната споредна работа во светот и не е ни чудо кога има клубови како француски Ремс и тренери како Вил Стил.

    Младиот стручњак живее во бајка во клубот Ремс. И не само тоа, туку е и најмладиот тренер во „топ пет“ лигите, а покрај тоа Рамс нема пораз на 18 првенствени натпревари и ја има најактивната низа без пораз во најдобрите пет лиги на Стариот континент.

    Звучи уште поневеројатно кога ќе кажеме дека во таа серија двапати играа против моќниот Пари Сен Жермен.

    – Животот понекогаш е луд. Да ми кажеше некој дека на 30 години ќе бидам тренер на екипа од Лига 1, ќе побарав да ме удри в лице. Тоа би ми било сосема смешно – изјави неодамна Стил.

    Сепак, еве го, колку и да звучи смешно. Тој ги води Ремс на 30 години и не запира. Откако го презеде тимот на 13 октомври 2022 година, Стил и неговите „воини“ немаат пораз во францускиот шампионат.

    Можеби се прашувате како настанало ова, но тука започнува филмската приказна.

    Во светот на фудбалот, Вил Стил е вистински филмски лик. Човек кој го исполни својот детски сон и стана тренер. И тоа, на кој начин?!

    По завршувањето на својата играчка кариера, Стил станал вистински зависник од популарната компјутерска игра „Фудбал Менаџер“, поради што уште повеќе ја засакал фудбалската игра. Играл по неколку часа секој ден, поминувал многу време играјќи и така на 17 години донел одлука да се посвети на фудбалските студии во Англија.

    Студирал фудбалски маркетинг и видео анализа, што особено му се допаднало, бидејќи тоа го правеле и неговите браќа Ед и Нико, едниот во Клуб Бриж, другиот во Сент Труден.

    И тука започнува искачувањето во кариерата.

    Вил ја имаше првата „сериозна“ работа во Англија, предводејќи го тимот на Престон до 14 години, а во 2014 година се пресели во Сент Труден, каде што на почетокот бесплатно работеше во стручниот штаб на Јаник Ферера.

    – Му ја доверив улогата на видео аналитичар за нашите пријателски натпревари, а тој многу брзо ме убеди. Тој се осмели да го каже своето мислење. Сакав да го задржам, но клубот немаше буџет. Му давав 500 евра месечно од свој џеб за да остане – изјави Ферера во една прилика.

    Патот го однесе до второлигашот Лирс, каде што работеше како привремен тренер. Потоа ја доби довербата од Бершот, каде работеше и како главен тренер. Сепак, на клупата мина само 15 натпревари. Кариерата го однесе во Ремс, за прв пат, но по четири месеци се пресели во Стандард Лиеж. Сепак, во октомври 2022 година, Стил се врати во Франција, кога Рамс остана без тренер.

     

    Од тој момент започна неверојатната серија на францускиот прволигаш. Паднаа многу клубови, а „мерка“ му зеде и на ПСЖ, бидејќи „светците“ на двата натпревара против „воините“ на Стил, и покрај тоа што беа фаворити, наместо 6 освоија само 2 бода.

    Тоа што ја прави оваа приказна уште попосебна е тоа што Стил всушност сè уште нема УЕФА Про-лиценца. Поради ова, клубот е принуден да плаќа и по 25.000 евра за секој натпревар што го води од клупата. Ова носи до вртоглава цифра од 450.000 евра за изминатите 18 натпревари.

    Сепак, управата не ги жали парите, оти е презадоволна од резултатите. Последниот пораз во Лига 1, Ремс го доживеа во месец септември кога играше со Монако (0-3). Оттогаш на своето конто тимот има 10 нерешени и 8 победи.

    Поради добрата низа, Ремс е во игра за еврокуповите во Лига 1. Се наоѓа на осмото место со вкупно 40 освоени бода. Следниот меч за Ремс е голем испит и шанса за реванш, затоа што игра на домашен терен со Монако, тимот кој последен му нанесе пораз.

    Впрочем, не би било чудно ако Стил во иднина се најде на клупата на некој „поголем“ клуб, со оглед на одличните резултати што ги бележи неговиот тим.

    А сѐ започна со „Фудбал Менаџер“…

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img