More

    Поради истегнување на тетивата, Лука Дончиќ одигра само 28 минути во поразот на Далас од Њу Орлеанс со 113:106

    spot_img

    Поради истегнување на тетивата, Лука Дончиќ одигра само 28 минути во поразот на Далас од Њу Орлеанс со 113:106.

    Заврши со 15 поени (4-14 од поле), 3 скока и 8 асистенции, а сега чека да види колку е сериозна повредата.

    На прашањето како му е бутот, Дончиќ се насмеа и рече: „Не е добро“.

    #поврзани-вести_0

    Во вторник на ѕвездата на Мавс ќе му биде извршена магнетна резонанца за да се утврди сериозноста на повредата, а тој изјави дека тоа го мачи веќе некое време.

    „Мислам од вториот натпревар по паузата за Ол Стар. Никогаш не сум имал ваква повреда, обично тоа би се случило по удар во бутот, а сега никој не ме удри. Чудно ми е, не знам што се случува“.

    Дончиќ вели дека тоа влијае на неговиот ритам на теренот.

    „Кога трчам, но тоа најмногу го чувствувам кога шутирам бидејќи ми требаат двете нозе за скок-шут. Тешко е да се оттурнам себеси“, заклучи Лука.

    Маверикс моментално се осми на Западот со 34 победи и 33 порази.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img