По две ноќи насилни протести, владејачката партија во Грузија се откажа од предлог-законот за странски агенти. Демонстрантите, кои изминатите денови се судрија со полицијата на улиците на Грузија, ќе продолжат.
Грузиската владејачка партија Грузиски сон најави дека ќе го повлече предлог-законот за странски агенти, за кој критичарите велат дека наликува на руски закон што го користи Кремљ за да ги замолчи опозицијата и критичарите.
Стапи на сила ембаргото за рускиот дизел и бензин.
Гледаме дека предлог-законот наиде на отпор во општеството, па решивме да го повлечеме без двоумење“, соопштија од партијата Грузиски сон. Истовремено, таа нагласи дека законот е претставен „во лошо светло и на погрешен начин“ и додаде дека по најавата за повлекување на законот, ќе започне со јавни консултации за подобро да се објасни неговата цел.
Повлекувањето доаѓа по масовните протести, при што опозициските партии изјавија дека ќе продолжат со нив.
И покрај повлекувањето на законот, опозицијата ќе продолжи со антивладините протести. „Додека не гарантира дека Грузија е цврсто на прозападниот пат, овие процеси нема да запрат“, напишаа во заедничката изјава групата опозициски партии, кои најавија нов митинг за денеска и побараа ослободување на десетици приведени демонстранти. .
Во меѓувреме, делегацијата на ЕУ во Грузија ја поздрави одлуката на владејачката партија и ги повика сите грузиски политички лидери да продолжат со реформите кои ќе и овозможат на Грузија да добие кандидатски статус за членство во ЕУ.
Во вторник, во прво читање, Собранието го изгласа предлог-законот, според кој невладините организации и независните медиуми, кои добиваат над 20 отсто од средствата од странство, треба да се регистрираат како „странски агенти“. Истиот ден следеа масовни протести кои исто така се одржаа во средата.
Ова доведе до судири со полицијата. Демонстрантите фрлаа молотови коктели кон полицијата, а полицијата употреби водени топови и солзавец. Само во вторникот беа приведени 77 демонстранти, а 50 полицајци беа повредени.