Илјадници демонстранти, од кои некои носеа гас-маски и шлемови, ја опколија зградата на парламентот во Тбилиси вечерва, протестирајќи против законот што ќе ги спречи невладините организации финансирани од странство. Полицијата употреби солзавец и водени топови во обид да ги растера.
Преносот во живо од протестот покажуваат дека демонстрантите се обидуваат да ги пробијат портите и да влезат во зградата на парламентот.
Протестите започнаа откако парламентарното мнозинство гласаше за нацрт-законот со кој се бара секоја организација која добива повеќе од 20 отсто од своето финансирање од странство да се регистрира како странски агент.
Опозициските политичари го осудија предлогот како копија на руски закон и тврдејќи дека тоа ги загрозува грузиската демократија и евроатлантските интеграции.
Полицијата во вторникот вечерта успеа да ги растера немирите пред парламентот, при што уапси повеќе од 60 лица за непристојно однесување. Во средата опозицијата постави ултиматум барајќи нивно ослободување и повлекување на законот за странски агенти.
Ѓорѓи Вашадзе, чија партија има три места во 150-членото собрание, ги повика демонстрантите „мирно и ненасилно“ да го опкружат парламентот.
САД ги поддржаа демонстрантите, а амбасадата во Тбилиси го осуди усвојувањето на законот како „црн ден за демократијата“ во Грузија. Стејт департментот рече дека Вашингтон може да воведе санкции против владата поради задушувањето на протестот.
Претседателката Саломе Зурабишвили сними видеообраќање од Њујорк во вторникот вечерта, исто така, го осуди предлог-законот и вети дека ќе стави вето.