Битиќи: Посветени сме на исполнување на целите за одржлив развој и заштита на околината

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, оствари средба со претставниците на Програмата на животна средина при Обединети нации (УНЕП) канцеларијата во Виена, со кои разговараше за тековните проектни активности кои оваа организација ги реализира во земјата, но и за можностите на започнување на нови проекти кои ќе придонесат за унапредување на животната средина.
- Advertisement -
Ad image

Вицепремиерот Битиќи кој е координатор на активностите на државата за зелениот климатски фонд и Соња Герберт, менаџер на проектот „Управување со портфолиото на Западен Балкан“, разговараа за проектот „Climaproof“  кој предвидува подобрување на перформансите на животната средина и климатската отпорност на инвестициите во инфраструктурата во Западен балкан од перспектива на ЕУ интеграциите.

На средбата беше констатирано дека долгорочната цел на „Climaproof“ кој ќе се интегрира во новиот просторен план кој е во фаза на изработка, а ќе ги следи насоките на четвртата национална комуникација за клима усвоена во јануари 2023 година е да придонесе за намалување на ризиците од климатските промени во регионот на Западен Балкан (WB), но истовремено ја подигнува свеста, ги зајакнува капацитетите и создава здрав амбиент за инвестиции во зелената инфраструктура.

Вицепремиерот Битиќи и Методија Саздов, Национален технички координатор на проектот, на средбата разменија мислење и за проектот преку кој се промовира одржливо управување со земјиштето преку зајакнување на правната и институционалната рамка, што значи градење на капацитети и реставрација на ранливите предели.

Проектот има за цел воведување, тестирање и демонстрација на нови методи и пристапи за борба против деградацијата на земјиштето и значително ќе придонесе за заштита на шумите.
Share This Article