More

    Грција донесе нов пакет антикризни мерки

    spot_img

    Зголемени субвенции за електрична енергија, електронска карта за гориво за 60 литри бензин месечно со попуст од 22 центи, дополнителна финансиска поддршка за ранливите категории, се дел од мерките што утрово ги соопштија надлежните грчки министри, како дел од пакетот мерки во висина од 1,1 милијарди евра што се однесуваат на 3,2 милиони граѓани, а кои вчера ги објави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

    Мерките детално ги објаснија министрите за финансии, животна средина и енергија и за земјоделство, како и алтернативниот министер за финансии, кои истакнаа дека Владата ќе им помогне и ќе ги поддржи граѓаните во справувањето со економските последици од војната во Украина.

    Министерот за финансии на Грција Христос Стајкурас рече дека пакет мерките се поделени во четири категории: дополнително зголемување на субвенциите за електрична енергија за домаќинствата и бизнисите; поддршка на ранливите категории граѓани; субвенции за гориво и намалување на цените на бензините и олеснување на ликвидноста на бизнисите.

    Планирано е, како што објасни Стајкурас, преку електронска карта за бензин, граѓаните со годишен семеен приход до 30.000 евра да добијат попуст на горивото за следните три месеци, односно 60 литри бензин месечно со попуст од 22 центи за литар.
    Дополнително, такси возилата ќе добијат специјален надоместок во висина од 200 евра за да ги покријат зголемените трошоци за гориво во март и април.

    За ранливите категории граѓани да се справат со зголемените цени на производите и енергијата, Стајкурас соопшти дека се планирани дополнителни додатоци пред Велигден, а се однесуваат на оние со ниски месечни примања и со ниски пензии.

    Во однос на електричната енергија, министерот за животна средина и енергетика на Грција Костас Скрекас објасни дека „просечната цена на струјата од почетокот на март до денеска е 312 евра за мегават часови, кога во јануари беше 227, а во февруари 213 евра за мегават часови, пет пати повисока од лани“ и соопшти дека субвенцијата за електрична енергија од 40 евра за овој месец, се зголемува на 72 евра во април и се однесува на сите домаќинства, а помош има и за бизнисите и за корисниците на природен гас.

    Скрекас истакна дека „никоја друга европска земја не презеде толку драстични мерки за заштита на потрошувачите соодветно на популацијата и големината на економијата“ и додаде дека се додека трае енергетската криза Владата ќе продолжи да ги поддржува домаќинствата и бизнисите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img